ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Последен ден за составување работна група за уставни измени

На последниот ден од рокот за номинирање претставници во Работната група за уставни измени, владеачките партии ги соопштуваат своите предлози. СДСМ ја номинира Цветанка Иванова, искусен правник со долгогодишно искуство, Алијанса за Албанците го номинира пратеникот Ремзи Мехмеди, а ДУИ – координаторот на пратеничката група Арбр Адеми.

Во Работната група потврдија дека ќе учествуваат и професорот Јетон Шасивари и поранешната судијка во Стразбур – Маргарита Цаца Николовска. Пред неколку дена, претседателот Стево Пендаровски посочи дека професорот Александар Спасов ќе биде претставник на неговиот кабинет.

Опозициските партии соопштија дека нема да учествуваат. ВМРО ДПМНЕ го предлага хрватскиот модел и нема намера да овозможи уставни измени во овој собраниски мандат. Алтернатива и Демократскиот сојуз исто така одбиваат да номинираат претставници.

Се очекува во текот на денот да се соопштат и претставниците од МНР и од Секретаријатот за европски прашања.

Работната група треба да го состави нацртот на текстот, по што ќе биде организирана широка јавна дебата. За отварање на Уставот во Собранието се неопходни 80 пратенички гласа.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.