ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Поскапиот проблем не го решава проблемот со загадувањето, сметаат скопјани

Еко налепници, поскапување на дизел акцизата, поскапи паркинзи, ова се мерките кои ги реализираа или ќе ги реализираат локалните власти како решение за енормното загадување на воздухот. Скопјани велат, трошоците од козметичките мерки за загадувањето паѓаат на наш грб, а оние мерки кои навистина треба да се применат не се ни започнати.

Одвај дишеме, прозор ретко отвораме за проветрување оти цело време е загадено. Сметаат дека се потребни промени на раководствата на градските татковци и дека поскапиот паркинг нема да го реши проблеми туку само ќе наполни нечиј џеб.

Болниците секојдневно се повеќе се полнат ,а пак градското собрание ќе одлучува за измена на цената за час паркирање на јавните површини и паркиралишта со кои стопанисува „Градски паркинг“.

Со оваа измена, градоначалникот на Град Скопје по прогласување вонредни и интервентни мерки во одредени денови поради загадувањето на воздухот, има можност да даде предлог на одредени паркиралишта цената за паркирање двојно да се зголеми само во тие денови.

Додека од град Скопје се правдаат дека статистичките бројки покажувале оти има напредок во однос на намалување на загаденоста на воздухот, невладините им подготвуваат тужби и се закануваат со евентуален бојкот на наставата заради преголемата загаденост.

Според Европската агенција за животна средина, повеќе од 3.000 лица годишно умираат како резултат на загадениот воздух во Македонија, а тоа е нотирано и во последниот европски извештај за квалитетот на воздухот. Македонија е прогласена за земја со најзагаден воздух и по бројот на смртни случаи по глава на жител, покрај Косово, Србија и Бугарија.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.