Порошенко или комичарот, Украина бира претседател
Украинците денеска гласаат на вториот круг од претседателските избори во земјата. Во трката за шеф на државата се актуелниот претседател, Петро Порошенко и комичарот Володимир Зеленски. Резултатите од првиот круг од изборите, како и последните анкети покажуваат дека мнозинството Украинци својот глас денеска ќе го дадат за Зеленски, за кого во првиот круг гласаа повеќе од 30 проценти од гласачите.
Критичарите на актуелниот претседател не се задоволни со тоа како се одвиваат промените што ги бараа демонстрантите на плоштадот Мајдан, како и дека нема пресуди за виновниците за големиот број на жртви за време на протестите. На Порошенко му забележуваат и дека не го исполнил ветувањето за брзо завршување на војната во источна Украина.