ПОРАКА ЗА ЕДИНСТВО И СОЛИДАРНОСТ СО УКРАИНА
Единство и солидарност со Украина, ваква порака испратија од денешниот состанок на шефовите на влади на Македонија, Бугарија, Романија и Црна Гора, земји членки на НАТО, што се одржува во Софија. Премиерит на Бугарија Кирил петков рече дека негивиот сон е Балканот, симбол за координиран регион.
Петоков информираше за заклучоците меѓу кои ги издвои согласноста на премиерите за важноста на овие координации и на регионално ниво, имајќи ги во фокусот ризиците од војната во Украина. Според него вниманието на средбата било насочено на соработката за справување со бегалската криза, на кризата во снабдување со енергенси и со основните стратешки прехранбени производи. Безбедноста на храната според Петков е поврзана со снабдувањето со пченица, нафта. Но потенцира и Трансбалканскиот гасовод има капацитет да ги снабдува со енергија сите земји во регионот.
„Коридорот 8 е клучен и треба да биде цврсто на картата на Југоисточна Европа. Треба да има координација на регионално ниво наместо да се купуваат скапи безбедносни системи“. – Кирил Петков.
Клучот според петков е да се запре перењето пари и корупцијата, кои се инструменти на руското влијание на Западен Балкан.
Премиерот Димитар Ковачевски пак кажа дека војната во Украина ги создаде најголемите проблеми по Втората светска војна. Потенцира дека Македонија од има доволно пченица во моментов, но нагласи дека пред еден месец нашата земја започнала со нова енергетска конекција меѓу Македонија и Албанија.
Премиерот на Црнагора пак истакна дека Западен Балкан е онаму каде што доминира мидроста иако, таа вече одреден преиод мигрирала на друго место. Според него дојдено е време да се здружат силите за подобра иднина на сите кои заминале да се вратат во балканските змеји. Порача земјите да не се занимаат со минатото туку да гледаат во иднината. Најави дека Црна Гора има алтернативи за набвка на Блаканост со гас.
Здравко Кривокапиќ-премиер на Црна Гора
„Црна Гора може да е единствената земја која не користи гас. Нашата земја има потенцијал, имаме и пристаниште во бар, но ако не се поддржувамаме ништо нема да добиеме.“ – Здравко Кривокапиќ-премиер на Црна Гора.
Премиерот на Романија порача дека зеадништвото е клучно во спаравување на конфиктите.
„Одлучивме да се свтиме кон евроатланските вредности со цел да го зацврстиме нато и источниот дел.“ – Николае Чука.
Шефовите на земјите Уште еднаш ја осудија воената агресија на Русија против Украина.