ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ПОРАДИ КОРОНА ГИ ОТКАЖУВААТ ЛЕТОВИТЕ: Бараат вработените да земат неплатено отсуство

Авио компанијата „Емирејтс“ бара вработените да земат неплатено отсуство од месец дена поради опасниот коронавирус. 

Летовите низ светот се откажуваат поради коронавирусот. Компанијата ги откажа летовите кон Бахреин, Иран и некои од градовите во Кина.

Главниот оперативен службеник на компанијата, Адел ел Радха, вели дека „Емирејтс“ има повеќе ресурси отколку што ѝ е потребно, кои се последица на намалувањето или откажувањето на бројот на летови.

Компанијата има повеќе од 100.000 вработени. 

Коранавирусот се појави во Кина, по што се прошири во светот. Овој вирус сее страв и во Европа. 

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.