ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Попоски: Владата размислува за Фонд за медиуми, по принципот на Фондот за поддршка на печатените медиуми

По примерот на Фондот за поддршка на печатените, Владата е отворена за воведување и Фонд за поддршка на електронските медиуми.

Со него би биле поддржани сите медиуми кои се потешко се снаоѓаат во пазарните услови. Од Владата ја повикуваат фелата да ја придвижи оваа иницијатива.

На дебатата за перспективите на истражувачкото новинарство, Поповски дополни дека владините институции ги отвориле податоците, повикувајќи ги новинарите за нивно поголемо искористување, но се уште треба да се работи на менување на културата на однесување, бидејќи има установи кои од различни причини не им ги даваат на новинарите податоците што ги бараат.

Истражувачкото новинарство во Македонија бележи подем. Но за да се приближиме до развиените светски редакции фалат финансии, поголема страст за истражување и обучени новинари.

Резултатите од истражувањето на медиумите за минатата година покажуваат дека најмногу новинарски истражувања има од областа на политиката и економијата, најчесто инспирирани од дневните настани.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.