Попова: Една година откако Шилегов е на власт ништо не направил
Петре Шилегов потроши една година, без да направи нешто корисно за Скопје и скопјани. Единствено ќе остане запаметено дека во текот на првата година од управувањето со Скопје си купи луксузна вила во Маврово, за која се открија куп сомнежи за злоупотреби во медиумите. Моделот на владеење по стапките на Заев се преслика и во Град Скопје. ЈСП по веќе позната шема додели два тендери од над 200 илјади евра набавка на фирма која е формирана непосредно пред да биде објавен огласот. При тоа декласирајќи фирми со долгогодишно искуство во областа. Граѓаните останаа со еден куп прашања, за кои Шилегов не се ни потруди да даде одговор. Додека Шилегов пушта музика за отворање на автобуска постројка граѓаните тонат во смет, рече Попова.