ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Пописот да биде во септември, а изборите во втората половина на октомври, се договориле Заев и Мицкоски

За договорот информираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, по завршувањето на средбата во Клубот на пратеници, која траеше повеќе од два часа

Пописот, наместо од 1 до 21 април, да се одржи од 5 до 30 септември (25 дена), а локалните избори, наместо во првата половина на октомври, да се одржат во втората половина од тој месец е договорот што го постигнале лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски на денешната тет-а-тет средба во Клубот на пратеници.За ова информираше Мицкоски, по завршувањето на средбата, посочувајќи дека е постигнат договор и за измени на Изборниот законик, така што уште утре во Собранието ќе почне постапката во врска со набавката на скенерите за отпечатоци од прст. Како што рече Мицкоски, биле отворени и прашањата за избор на градоначалник во еден круг, како и за гласање на дијаспората на парламентарни и на претседателски избори надво од ДКП.Од ВМРО-ДПМНЕ ја оценуваат средбата како успешна, а Мицкоски исто така најави деблокада на парламентот, посочувајќи дека опозицијата ќе работи во Собранието заедно со мнозинстото за сите закони кои произлегуваат од ЕУ-агендата, како и за реформските и законите за поддршка на стопанството.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.