ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Помош за угостителите ќе има кога ќе биде навистина потребна, смета Битиќи

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, рече дека нема да има седми пакет на економски мерки во справувањето со економските последици од пандемијата.

На угостителскиот и туристичкиот сектор им најави дека во наредниот период нема да има државна помош за покривање на загубите со воведувањето на мерката со сертификатите и ограничувањето на бројот на посетители. Битиќи вели дека од досегашната помош добиле 14 отсто, а во креирањето на структурата на бруто домашниот производ учествуваат со помал процент.

– Ако треба да се прави компромис помеѓу економска мерка за угостители и здравјето на граѓаните и борбата за негово зачувување, тогашп здравјето на граѓаните е пред се. Сум кажал претходно, сме докажале дека секој еден изгубен денар, секој еден изгубен сектор, ќе се надополни кога тоа навистина ќе биде потребно. Тогаш ќе седнеме и ќе разговараме. Сметам дека во овој момент сите треба да сме подготвени нешто да жртвуваме во борбата што не чека сите, а тоа е борбата з аживот и зголемувањето на бројот на заболени, што ни е многу поважно.

Разговори ќе имаме, сметам дека угостителскиот и хотелско-туристичкиот сектор се погодени, но треба и да пресметаме колку загубиле, а колку добиле. Во изминатиот период овој сектор е потпомогнат со повеќе од 14 отсто од вкупната помош која е дадена во стопанството, наспроти нивниот придонес во бруто домашниот производ, рече вицепремиерот.

Дополнително, Битиќи рече дека периодот е предизборен и дека секоја позитивна одлука би се протолкувала негативно во моментов.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.