Полскиот претседател Дуда вети и лична заложба за старт на преговори
Полска со посебен документ ќе го решава македонско–бугарскиот спор. Претседателот на земјата дојде во Македонија со конкретен предлог. Доколку Бугарија опстои на ветото, вели Анджеј Дуда, спремен е да работи на нов предлог со кое ќе се овозможи продолжување на европскиот пат за земјава.
Полскиот претседател очекува и поголема конструктивност од Бугарија и датум за Македонија уште во декември.
Од внимателен оптимист, во внимателен реалист. Вака себеси се опиша претседателот Пендаровски, во однос на очекувањата за почеток на преговорите со Унијата до крајот на годинава и решавање на спорот со Бугарија.
Чекаме соодветен соговорник од Софија, е ставот на шефот на државата.
Пендаровски ги оцени како нереални постојаните обвинувања од неговиот бугарски колега дека во земјава се врши дебугаризација и системска повреда на правата на македонските Бугари.
И по спроведениот попис, не постои ниеден документ или пријава дека на некој му било оспорено правото само поради тоа што се изјаснил како Бугарин, рече претседателот, потенцирајќи дека Македонија секогаш ќе реагира на ваквите изјави од бугарска страна.