ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Полска најави дека ќе ги испрати тенковите „Леопард 2“ во Украина

Полска најави дека ќе ги испрати своите тенкови од германско производство „Леопард 2“ во Украина дури и ако Германија не одобри или не сака да и се придружи. Варшава се залага и другите земји кои ги имаат германските тенкови да го следат нејзниот пример. Украина долго време ги бара германските борбени тенкови. Берлин засега е неодлучен, а полскиот премиер изјави дека Варшава врши силен притисок врз германската влада да ги стави на располагање своите „Леопарди“.

– Тие имаат над 350 активни „Леопарди“ и околу 200 во складиште. Затоа, Германија навистина може да и помогне на Украина, која се бори, денес, бидејќи оваа борба значи борба за безбедност и мир во Европа, изјави полскиот премиер Матеуш Моравиецки.

Западната воена помош за Киев само ја одолговлекува војната а конфликтот меѓу Москва и Западот повеќе не може да се дефинира како хибридна војна оцени изјави шефот на руската дипломатија.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.