Полицијата чека анонимни дојави, инспекторите се подготвуваат за засилени контроли
Полицијата отвори бесплатна телефонска линија на која граѓаните ќе можат анонимно да пријавуваат журки за време на празниците.. На готовс се и инспекторите кои најавуваат засилени контроли следните денови…
И полицијата и пазарните инспектори интензивно, со полн капацитет, ќе контролираат за време на новогодишната ноќ и претстојните празници… Првиот човек на пазарниот инспекторат Стојко Пауновски на отворањето на новите канцеларии во Тетово ги предупреди угостителите деак инспекторите ќе бидат постојано на терен и деак ќе казнуваат кога ќе откријат незаконско работење. Пауновски рече дека засега немаат заонски надлежности да санкционираат врз основа на фотографии или видео снимки, туку единствено постапуваат кога на лице место ќе констатираат незаконско работење.
Апел до граѓаните да не се групираат и празниците да ги поминат дома за да нема нов пик на коронавирусот испрати и премирот Зоран Заев. Тој, покрај на здравствените работници, полицијата, армијата, управните служби им се заблагодари и на инспекторите за нивната работа во борбата со вирусот ковид 19.
Кога зборуваше за новите надлежности што ги добија изминатиов период, на шега рече дека ги заштитиле инспекторите и од клетви…
За поуспешно справуавње со непочитувачите на мерките за време на празниците, полицијата отвори анонимен бесплатен телефонски број 0800-00-201 на кој граѓаните ќе можат да пријавуваат организирани настани и прослави. На овој начин министерот Оливер Спасовски побара од граѓаните да бидат партнер во спречувањето на ширењето на вирусот..