Полицаецот кој клекна во чест на убиениот Флојд: „Никогаш не би го поништил тоа“
Поранешниот командант на полицијата во Лос Анџелес, Кори Палка не жали што клекна со демонстрантите во чест на убиениот црнец Џорџ Флојд.
„Тоа беше еден од подобрите моменти во мојата работа. Бевме солидарни со заедницата. Никогаш не би го поништил тоа, тоа беше одличен момент“, изјави Палка во разговор за Јаху.
„Градот беше во пресвртна точка и во криза“, додаде Палка, кој по убиството на Флојд одлучи дека најдобриот начин за ублажување на насилството е разговор со демонстрантите. Колегите го предупредиле да не влегува во толпата, но тој му верувал на инстинктот.
„Во срцето знаев дека морам добронамерно да се потрудам“, рече Палка.
Флојд на 25 мај минатата година во Минеаполис почина на лице место, откако полицаецот Дерек Човин со колено му притискал вратот скоро 9 минути, а друг полицаец го притискал на грбот. Дури две минути и 53 секунди Човин го притискал откако Флојд престанал да пружа отпор, според кривичната пријава објавена од канцеларијата на обвинителството на округот Хенепин.
„Не можам да дишам“, се обидувал да им објасни на полицајците. Не го слушале. Семејството побарало обдукција, бидејќи во официјалниот извештај на округот се вели дека нема докази дека Флојд починал од задушување.
Судењето на полицаецот Човин започнува следната недела.