Политичката сцена во фокусот: Како до бараните уставни измени

Влегувањето на Алијанса за Албанците ќе биде ли чекор поблиску за Ковачевски да дојде до потребното двотретинско мнозинство за Уставни измени.
И додека партијата на Таравари сериозно ја разгледува опцијата за влез во влада и ги води преговорите со владините коалициски партнери сепак партиите од македонскиот и албанскиот опозициски блок со став дека владата е се уште далеку од потребните 80 пратеници за да пристапи кон отворање на уставот.
Во вчерашното гостување на 24 анализа пак претставниците на партиите во законодавниот дом ги потврдија веќе изнесените ставови а Алијанса за Албанците иако вели конкретни понуди нема сепак се води и внатре партиска но и дебата надвор од партијата за влез во влада, бидејќи сметаат дека тоа ќе им биде од корис на Уставните измени но исто така и на продолжувањето на преговорите.
ВМРО-ДПМНЕ, но и Беса и вчера во гостувањето на ТВ 24 посочија дека според нив подобра опција е организирање и одење на предвремени парламентарни избори.
И додека опозиционерите од македонскиот и албанскиот блок бараат предвремени избори власта и натаму со став дека приоритет треба да им се даде на уставните измени.
Од следната недела веќе се очекува појасни да бидат контурите за евентуалниот нов владин проширен состав но и натаму останува дискутабилно дали и партијата на Гаши ќе остане во него со оглед на веќе изнесените нивни ставови дека токму Ахмети и Ковачевски ќе треба да ја платат самите цената за влез на Таравари во Влада.