ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Покачување на платите во образование можно дури од следната година

Разговори со синдикатите за покачување на платите ќе има, но пред гласањето на буџетот за следната година,им порача премиерот на независните синдикалци кои најавија протест доколку просветните работници од септември не добијат повисоки плати.

Вели дека, сите покачувања за годинава се веќе предвидени со ребалансот и биле претходно усогласени со синдикалните организации.

Мицкоски е оптимист дека ќе се најдат пари, особено откако во изминатите недели е зголемена наплатата на даноците од УЈП, Царината и патарините, за 30 до 40 проценти повеќе од лани.

Ги обвини синдикатите дека се политизирани и синхронизирани во барањата со СДСМ, кои оставиле празна каса, но Филипче демантира.

Му порача на премиерот да не наоѓа изговори, туку да најде пари за покачување на платите.

Независниот синдикат за образование и наука најави серија на протести со почетокот на учебната година, се` додека не се исполнат нивните барања за почитување на колективните договори и на Законот за минимална плата.

Првиот протест ќе биде на 2 септември во Битола, на кој ќе изразат незадоволство затоа што платите во образованието нема да бидат усогласени со минималната плата, односно нема да ги добијат ветените 12 посто покачување. Засега немаат поддршка од СОНК.

Во ребалансот на буџетот не е предвидена ниту повисока минимална плата,за што реагираа и од ССМ. Тие веќе доставиле барање за средба и очекуваат социјалниот дијалог да го водат на маса, во спротивно, најавуваат и други мерки

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.