ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Познато на кое место во Македонија ќе влезе интерконекторот од Грција

„Национални енергетски ресурси“ и гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков денеска потврдија дека интерконекторот за достава на природен гас од Грција во Македонија ќе влезе меѓу селата Богородица и Стојаково, со што ќе се обезбеди уште една точка на испорака покрај онаа што доаѓа од Русија преку Бугарија.

Гасоводот, според презентацијата на проектот, ќе минува низ територијата на општина Гевгелија кај селата Прдејци и Смоквица, а градот Гевгелија ќе биде споен со него на приклучната станица која ќе се гради на влезот од градот.

Понатаму предвидено е вкрстување кај Неготино со гасоводот од Бугарија,со што ќе се обезбеди поголема конкурентност во набавката, односно цената на овој енергенс.

Интерконекторот треба да биде реализиран до крајот на оваа година, а наедно и гевгели ќе започне да ја гради градската дистрибутивна мреќа.

Интерконекторот за гас со Грција е проект поддржан  и со неповратни средства од ЕУ и билатералните донатори за Западен Балкан.

Интерконекторот со Солун е важен во приклучувањето на гасоводот на „ТАП“ и на „ЛНГ“ терминалите кои се наоѓаат на брегот на Егејското море.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.