Пожар во ковид болница во Букурешт, има загинати

Најмалку четири лица загинаа, а повеќемина се повредени во пожар во ковид болница во романскиот главен град Букурешт.
Пожарот избил рано утрово во приземјето на болницата, во која биле сместени 120 лица. Властите соопштија дека загинатите се пациенти кои се лекувале од ковид-19.Болницата е евакуирана, а пожарот е локализиран.Полицијата ги испитува причините за пожарот.Ова е втор пожар во Романија за неколку месеци. Во ноември во пожар во болница на северот на Романија, настрадаа 10 лица кои се лечеле од ковид-19.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: