ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Пожар во градинка во Власотинце, евакуирани 150 деца

Попладнево во градинката „Детска радост“ во Власотинце, Србија изби пожар во кој нема жртви ни повредени.

Во моментот кога избил пожарот во градинката имало 150 деца кои одма биле евакуирани. Во евакуацијата освен запослените, помагале и граѓани, родители и вработените во околните локали и објекти. 

Воспитувачките биле при себе па веднаш ги изнесувале децата од објектот. Никој не бил повреден, пожарникарите дошле за пет минути и го изгаснале пожарот. 

На терен била и Брзата помош меѓутоа немало потреба од нивна интервенција.

Полицијата е на местото каде што избил пожарот и прави увид.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.