Пожарите беснеат на Балканот: во Албанија огнот стигна до брегот, од Далмација апокалиптична сцена
Пожарите беснеат во регионот. Два големи пожара во сплитско-далматинската жупанија сѐ уште не се изгаснати, пренесува „Индекс.хр“.а тој простор досега изгореа приближно 400 хектари ниска вегетација и борова шума.
Според евиденцијата на Државниот противпожарен оперативен центар на ХВЗ, во изминатото деноноќие, од среда во 7 часот до четврток во 7 часот, во Хрватска се евидентирани 122 пожарникарски интервенции, во кои учествувале 244 противпожарни организации со 755 пожарникари и 257 противпожарни возила и 10 противпожарни авиони.Изминативе денови во цела Црна Гора беа активни неколку пожари, а некои од нив беа и од поголеми размери.
Со оглед на тоа што повеќето од овие пожари се во населени места, командирот на Службата, Здравко Блечиќ, апелираш до мештаните да го исчистат просторот околу нивните згради.
Пожарите што го зафатија албанското крајбрежно подрачје Шенѓин се ставени под контрола, соопшти вчера Министерството за одбрана на Албанија. Противпожарните екипи се поддржани од припадници на вооружените сили, полицијата, локалните структури и два авиона Canadair од Италија, пренесува „Евроњуз.ал“.
Еден ден претходно ситуацијата во Шенѓин беше катастрофална бидејќи пламените јазици зафатија туристички комплекс. Пожарот стигна до брегот, пренесуваат медиумите во регионот.„За среќа, нема повредени, има само материјална штета во реонот на пожарот“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.
Албанија има 147 противпожарни возила, 1.300 луѓе и два хеликоптера „кугар“, кои според властите не се доволни за гаснење на пожарите.
Жителите на четири населени места на островот Евија во Грција мораа да се евакуираат поради пожар што избувна на островот на 29 јули.
Како што јави „Катимерини“, противпожарните служби цела ноќ го гаснеле пожарот, кој сѐ уште гори, па жителите на Климаки, Лијани Амос, Петриес и Криези морале да се евакуираат, објави „Евроњуз“.
Шумските пожари во Грција зачестија во последните години за време на сè потопли и суви лета, што научниците го поврзуваат со климатските промени. Минатата година избувнале над 8.000пожари, покажуваат податоците на противпожарната бригада.
Премиерот Киријакос Мицотакис рече дека Грција се соочува со многу тешко лето во однос на климатските услови.
„Ни претстои уште многу тежок месец, август, и очигледно е дека сите мораме да бидеме на готовос“, им рекол тој на министрите за време на состанокот на владата, пренесува британски „Индипендент“.