На Мијалков му беше определен притвор за предметот Тврдина Таргет. Судот во решението сомнежот за бегство го поткрепуваше со бегството на екс премиерот Никола Груевски но се повика на допис од Управата за финансиско разузнавање кој го поврза Мијалков со сметки на кои имало над 11 милиони евра. Во очекување Апелација да ја закаже јавната седница на која тој јавно ќе аргументира против притворот, неговите адвокати тврдат дека му е определен без судот да го сослуша но и велат дека тој нема врска со трансакции на пари во Монако.

Следно рочиште е закажано за 21 декември за кога треба да се сослушаат тројца сведоци на предлог на Специјалното обвинителство. Во случајот во кој Мијалков е обвинет за набавката на опремата за прислушување со неколку кривични дела се товарат и бегалецот Горан Грујевски, Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски.