Поголема безбедност со авторизација на USB Type-C
Една од најголемите опасностите кои доаѓаат со USB стикчињата секако е опасноста од пренесување на малициозен софтвер. Непрофитната организација USB Implementers Forum работи на програм за автентикација на Type-C USB што ќе помогне за заштита.
Идејата е да се спречат напади со малициозен фирмвер, но и USB да оневозможи користење на несоодветни полначи.
Алатката за автентикација ќе доаѓа со стандарден протокол за автентикација на: Type-C полначи; уреди; кабли; извори на енергија. Ќе доаѓаат и со поддршка за автентикација преку USB податочниот и контактот за полнење, а ќе биде овозможено 128-битна криптографска заштита, вели ZDNet.
На заштита се работи и на Chrome OS и на iOS. Двата оперативни системи нема да дозволат вчитување на податоци од USB ако екранот на уредот е заклучен.