ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Повторно поевтинуваат бензините, овој пат за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика одлучи малопродажните цени на нафтените деривати да ги намали во просек за 0,74 % во однос на одлуката од 23.08.2024 година, кога исто така имаше намалување.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) нема да се променат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,125 ден/кг и ќе изнесува 45,170 ден/кг.

Така, од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: 77 (денари/литар) за ЕУРОСУПЕР БС–95, бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 79 (денари/литар), дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) ќе чини 69,50 (денари/литар), маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 69 (денари/литар), а мазут М-1 НС ќе чини 45,170 (денари/килограм).

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.