ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Поврат на ДДВ: 500 евра годишно ќе земат само граѓаните што трошат по 1.800 евра месечно

За да добиете 500 евра поврат на ДДВ согласно новата мерка која вчера ја најави премиерот ќе треба да потрошите нешто повеќе од 22.000 евра.

Според математиката, на една сметка од 1000 денари околу 848 денари се основицата а ДДВ изнесува 152 денари.

Согласно предлогот, на оваа сума од 152 денари, 15% одат или околу 22 денари би оделе кај граѓаните а останатите 130 денари во буџетот.
Според тоа, доколку една цела просечна плата од 24.000 денари ја потрошите во продавници и за тоа обезбедите фискални сметки (сметките за комуналии не влегуваат во проектот и за нив нема да има поврат на ДДВ) тогаш, месечно би добиле околу 528 денари.

Премиерот во кампањата на последните парламентарни избори најави дека од овој проект секое семејство ќе инкасира по 500 евра годишно.
Според пресметките, за да повратите 500 евра данок годишно, ќе треба да потрошите околу 1,36 милиони денари или нешто над 22.000 евра што значи, Вашето семејство секој месец да троши по повеќе од 1.800 евра.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.