Повлекувањето на трупите на САД од Сирија заверено
Наредбата за спорното повлекување на 2000 американски војници од Сирија е потпишана, потврди Пентагон. Во меѓувреме, претседателите на САД и на Турција се договориле за координирање на дејствијата при повлекувањето.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот американски колега Доналд Трамп за време на вчерашниот телефонски разговор се договорија да биде избегнат вакуумот на власт во Сирија по најавеното американско повлекување, соопшти турското претседателство.
„Двајцата лидери се договорија да осигураат координација меѓу војниците, дипломатите и останатите официјални лица од своите земји за да се избегне празнината на власт која би можела да се појави доколку би се искористило (американското) повлекување и фазата на транзиција во Сирија“, се наведува во соопштението на турското претседателство.
Ердоган, исто така, рече дека неговата земја е подготвена да му пружи поддршка на својот НАТОßсојузник, во рамки на оваа одлука за повлекување.Нешто порано американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган разговарал за постепено и „исклучително координирано“ повлекување на американската војска од Сирија. „Токму што имав долг и продуктивен телефонски разговор со Ердоган“, наведе вчера Трамп на Твитер и додаде дека разговарале и за борбата против Исламска држава, заедничкиот ангажман во Сирија, како и за трговските билатерални односи, кои „значително се подобрија“.