ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Повисоки пензии за 120 денари – пензионерите се жалат дека власта ги омаловажува

Зголемувањето на јулските пензии за 1,2%, односно за 120 или за 180 денари, за пензионерите е срамно и понижувачки. Пред камерата на Алфа реагираат дека зголемувањето сега, пред избори, има повеќе за цел популизам и собирање политички поени отколку реална економска логика. Во услови кога се поскапува, реагираат дека е потребно позначително зголемување, а не вакво замајување на јавноста.

  • Ова е катастрофа. Мислам дека тоа што за 100 денари ни покачиле е срамота, буквало не омаловажуваат како народ. Што ќе купиме за тие мизерни пари. Поарно ич нека не кажуваат, отколку вака да се резилат до овој степен, но тоа е сега, гледаме се ближат избори, така е се во земјава, за жал, се пожалија дел од пензионерите пред камерата на Алфа.Власта објаснува дека корекцијата на пензијата е како резултат на усогласување со порастот на трошоците за живот, кои во првото полугодие од 2021, во однос на второто полугодие лани изнесува 1,2%. Но дилемата е колку статистиката и реално ги отсликува движењата на цените. Можеби основните продукти како леб, млеко, масло, шекер се поскапени минимално, но генерално цените на сите продукти вртоглаво растат.

Ако е за утеха, пензискиот фонд е во стабилна состојба а пензиите ќе се исплаќаат редовно и навремено. Така барем тврди директорката на ПИОМ Билјана Јовановска. Според неа, немало никаков проблем во врска со одржливоста на буџетот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Сепак она што боде очи е што од година во година расте дупката која се полни со дотации од државниот буџет..

  • Пензионерите може да бидат сосема спокојни, Пензискиот фонд е во стабилна состојба, пензиите како и досега ќе си продолжат со тековна, редовна, навремена исплата. Имајќи предвид дека во корона-кризата Владата донесе одлука пензиите се уште ги исплаќаме и предвреме, односно еве и сега на крајот на месецот ќе бидат исплатени јулските пензии. Во делот на планираните приходи и расходи се сè одвива онака како што беше предвидено, како што беше планирано, вели Јовановска.Посочува дека во првите пет месеци приходите остварени во споредба со првите пет месеци од 2020 година се зголемени за 6,5%, а во делот на она што беше планирано за првите пет месеци – има зголемување за 2%. Тие показатели упатуваат дека Пензискиот фонд е стабилен, нагласува Јовановска, и додава дека во моментов, според податоците на Фондот, и бројот на осигуреници е зголемен во споредба со истиот период 2020 година.
Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.