ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Повеќе од 4.000 бизнисмени од БиХ на вакцинација во Србија

Над 4.000 бизнисмени од Босна и Херцеговина, вклучително сопственици и вработени во компаниите, одговорија на поканата на Комората за надворешна трговија на Босна и Херцеговина да добијат бесплатна вакцинација во Белград, соопшти Комората на БиХ.

Во Центарот „Белекспо“ во Белград на 27 и 28 март овозможено е вакцинирање на бизнисмени од шест земји од Западен Балкан кои одговорија на поканата на Комората за инвестиции на Форумот на Западен Балкан.

Српската стопанска комора (ПКС) на 24 март соопшти дека во соработка со Српската влада обезбедила 10.000 вакцини за бизнисмени и вработени од регионот.

Според соопштението, вакцинацијата е организирана за бизнисмени и нивни вработени од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија и Косово кои сакаат да се заштитат од заразната болест КОВИД-19.

Комората на БиХ ѝ се заблагодари на Стопанската комора на Србија и Владата на Република Србија за изразената солидарност и овозможената заедничка вакцинација на бизнисмени од Босна и Херцеговина. Оттаму наведуваат дека тоа „докажува и покажува дека економијата е она што не обединува.“

„Денешниот собир на бизнисмени од регионот испраќа јасна порака, иднината на регионот е Регион без граници“, се вели во соопштението на Комората за надворешна трговија на БиХ.

Претходно, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, потврди дека бизнисмените од земјава ќе пристигнат во Белград за вакцинација.

Претседателот на Косовската стопанска комора, Берат Рукиќи, рече дека комората одбила да учествува во вакцинирање на косовски бизнисмени во Србија.

Покрај бизнисмените, стотици граѓани од Босна и Херцеговина одлучија да ја искористат можноста за бесплатни вакцинации во Белград.

Денеска има поголема гужва на граничните премини меѓу БиХ и Србија, слично како и на граничниот премин Табановце каде македонски граѓани чекаат влез во Србија за да добијат вакцина против Ковид-19.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.