Повеќе од две третини од повратниците од Западен Балкан во Австрија се со ковид – најмногу од Македонија
Во 31 -та календарска недела, во Австрија биле регистрирани 5 888 заразени со коронавирус, а во 32 недела, веќе имало 8 113, од кои околу 40 проценти се повратници од одмор
Повеќе од две третини од повратниците од одмор од Западен Балкан се позитивни на коронавирус, соопшти австриската Агенцијата за здравство и безбедност на храна (АГЕС).
Најголем број случаи се „увезени“ од Северна Македонија, дури 866, а во споредба со ситуацијата од пред две недели, тоа е зголемување за 477, пренесува српскиот портал „Дневник“.
Од Косово има, исто така, зголемен број „увезени“ случаи – од 253 на 799, следи Турција, со 662 случаи, на врвот на листата на земји на потекло е и Хрватска со 683 случаи.
Во 31 -та календарска недела, во Австрија биле регистрирани 5 888 заразени со коронавирус, а во 32 недела, веќе имало 8 113, од кои околу 40 проценти се повратници од одмор.
Претходно и италијанските власти објавија информации за повратиници од нашата земја, кои во Италија имале позитивни тестови на коронавирусот. Се работи за областите околу Тревизо и Доломитите.