ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Платениците на Пригожин во битка за контрола на Соледар – уништувањето во градот видливо и на сателитски снимки

Битката за контрола на Украинскиот град Соледар трае веќе неколку месеци, без знаци за конечен епилог и покрај силните обиди за остварување воен успех на двете страни.

Доколку руските сили го освојат источно-украинскиот град, нивната надеж е дека текот на војната би можел да се промени.

Кога Јевгениј Пригожин, лидер на руската платеничка организација „групата Вагнер“ објави дека неговите борци воспоставиле целосна контрола на територијата на Соледар, на прв поглед сликите изгледаа убедливо.

Но платениците на Пригожин не се дел од регуларната руска армија и министерството за одбрана во Москва соопшти дека борбата се уште трае.

Освоувањето на Соледар може да им помогне на Руските сили во нивниот напад на стратешки значајниот град Бахмут, околу 10 км југозападно, така што ќе добијат безбедна позција за артилериски напади со досег на градот.

Соледар исто така има длабоки рудници на сол, кои би можеле да се користат за сместување на воени единици и складирање опрема и муниција, заштитени од Украинските проектили.

Рудниците имаат широка подземна мрежа на тунели, кои би можеле да бидат од стратешко значење за руските сили кои се обидуваат да навлезат на територијата која ја контролираат Украинците.

Во еден од овие тунели, покрај своите платеници се фотографираше и Пригожин, кој и за нова година ги посети своите борци во очигледна кампања за освојување поени кај руската патриотска јавност.

Сепак, останува нејасно колку од оваа мрежа е лесна за пристап и каде би можела да води.

Уништувањето од жестоките битки во Соледар е видливо и на сателитските снимки, каде се гледаат згради срамнети со земја и кратери од експлодирани гранати и проектили.

Но, можеби еден од најзначајните фактори во битката за контрола на Соледар е симболичен и освојувањето на овој град би претставувало значаен пропаганден успех на рускиот претседател Путин пред јавноста во својата држава.

Освојувањето на Бахмут, градот кој по Мариупол, веројатно претрпе најголемо уништување во војната, би било значаен успех за руските сили во источна Украина, кои од септември беа под жесток напад на Украинците.

Групата Вагнер на олигархот Пригожин, близок сојузник на Путин, станува се повлијателна во конфликтот во Украина.

Кучињата на војната на Пригожин, досега беа активни и во повеќе конфликтни зони во Африка, повикани од авторитарните влади кои војуваат со бунтовници на својата територија.

Како компензација за својата крвава работа на фронтот, платениците од „групата Вагнер“, често добиваат контрола на различни природни ресурси и за профит на Пригожин.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.