ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Платежна картичка: За СДСМ е поттик за економијата, за ВМРО-ДПМНЕ поткуп на граѓаните

Власта и опозицијата со различни ставови за домашна платежна картичка чија распределба, како што вчера најави министерката за финансии, Нина Ангеловска, ќе почне оваа недела. Проектот произлезе од третиот владин пакет на економски мерки и преку него се планирани 28 милиони евра да завршат кај 324.479 граѓани. Но, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со дијаметрално спротивставени погледи, па платежната картичка за владеачката партија е поттик за економијата во услови на корона-криза, за опозициската, пак, е класичен поткуп.

Од СДСМ нагласуваат дека со платежната картичка е во насока на поттикнување на домашната економија, за стимулирање на граѓаните да купуваат македонски производи и услуги.

„Остануваме посветени на помош и поддршка на нашите граѓани, остануваме посветени на помош и поддршка на македонската економија со желба сите заедно да придонесеме за полесно и побрзо справување со последиците од корона-кризата“, е пораката во соопштението мна СДСМ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, ја обвини власта за незнаење во справувањето со коронавирусот, а платежната картичка, како што стои во нејзиното соопштението е класичен поткуп на граѓаните.

„СДСМ не знае како да се справи со пандемијата и во државата се случува тотален хаос. Ниту знаат што да прават на здравствен, ниту на економски план. Се фалеа со економски мерки кои беа задоцнети и не беа од никаква помош бидејќи илјадници граѓани останаа беа примања. Платежната картичка со која тие се фалат е класичен поткуп“, се наведува со соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.