ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Петте големи технолошки компании изгубиле 75 милијарди долари

„Apple“, „Microsoft“, „Amazon“, „Alphabet“ и „Facebook“- петте најскапи американски технолошки компании, изгубиле 75 милијарди долари во вчерашната трговска сесија.

Најслаби од сите беа акциите на „Amazon“, кои ја завршија неделата со пад од 2,4 отсто, додека „Microsoft“ и „Facebook“ објавија пад од 1,97 и 1,95 отсто. „Apple“ и „Alphabet“ изгубиле 1,93% и 1,50% од нивните рејтинзи на пазарот.

Технолошките компании го забележаа својот најлош месец од 2008-ма година.

„Nasdaq“ забележа пад од 9,2% во октомври, при што акциите на „Amazon“ и „Alphabet“ ги покажуваат најголемите загуби, кои се тргуваа со 20 и 9,7% пониски цени од претходниот месец.

Основачот на „Amazon“, Џеф Безос, вчера загуби од своето богатство 3,35 милијарди долари или на 142 милијарди долари. Според последните податоци, тој поседува 78,88 милиони акции на компанијата.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.