ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Петков: Руски агенти во Бугарија работеле против односите меѓу Софија и Скопје

Всушност, интересот на Русија е насочен кон тоа да нема европска иднина на Западен Балкан, изјави бугарскиот премиер во Благоевград

Руски агенти во Бугарија работеле против добрите односи меѓу Бугарија и С Македонија. Ова го тврди бугарскиот премиер Кирил Петков.

„Во Бугарија е формирана прилично голема руска дијаспора на агенти, која во моментов ја гледаме како работи за различни интереси. Има руски агенти што работеле конкретно против разбирањето меѓу Бугарија и Република Северна Македонија“,

изјави денеска Петков во Благоевград, јави БГНЕС.

„Всушност, интересот на Русија е насочен кон тоа да нема европска иднина за Западен Балкан“,

додаде Петков.
Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.