ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Пензионерите ќе добијат плус 1000 денари со мартовските пензии

За повеќе од 330 илјади пензионери мартовската пензија ќе биде повисока за 1.000 денари со што се реализира договорената директна интервентна финансиска помош за пензионерите. По 1000 денари плус на пензиите, тие ќе добијат и со априлската и мајската пензија.

Одлуката за финансиска помош на пензионерите од по 1000 денари за месеците март, април и мај беше донесена на почетокот на месецов на состанокот на ресорните министри и Сојузот на пензионерите и Партијата на пензионерите. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека овие 3000 денари помош се добредојдени во период на продлабочена енергетска криза.

Дополнително, беше донесена нова методологија за покачување на пензиите, кое ќе важи од септември. Пензиите ќе се покачат за околу 5 отсто, односно пензионерите со просечна пензија од 16300 денари, ќе добијат покачување од околу 900 денари.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.