ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Пендаровски: Преамбициозно е да очекуваме дека ќе се смени ставот на Макрон

Илузорно е да се очекува дека претседател на толку мала држава како нашата може да го убеди францускиот претседател за три недели да го смени ставот и да даде датум за старт на преговорите на земјата со унијата изјави денеска претседателот Пендаровски на неколку дена пред постетата на Франција и средбата со Макрон. Шефот на државата Пендаровски вели добро е што се отвара можност да бидат соочени аргументите а тврди новата методологија каква и да е не треба да ја обесхрабри земјата на патот кон нејзините евроинтеграции.

Во врска со оваа средба пак денеска амбасадорот на Франција Тимоние не сакаше да открива детали само кратко рече дека најдобро е за тоа да одговори претседателот на државата, додека пак неговиот германски колега амбасадорот Томас Герберих вели дека причината за одложувањето на почетокот на преговори не ја гледа во кандидатките Северна Македонија и Албанија, туку во скептицизмот од проширувањето.

„За сето она што е тема на дискусија околу официјалната средба на двајцата претседатели би ве упатил на адреса на претседателството на Републиката. Не би било културно од моја страна да говорам предвреме за тоа.“ – изјави Кристијан Тимоние амбасадор на Франција.

„Германија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ, како што тоа и секогаш го правеше. Сметаме на земјата да ги интензивира реформите, и на тој начин да ги убеди оние што имаа се уште сомневања, дека нејзиното место е во ЕУ.“ – изјави Томас Герберих Амбасадор на Германија.

Во меѓувреме пак на работната посета во Женева и шефот на дипломатијата Димитров кој е дел од делегацијата со премиерот Заев на средбата со грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас разговарале за евроинтегративните процеси на земјава но и билатералните односи меѓу двете земји. Во соопштението од МНР наведуваат:

„Министерот Димитров изрази задоволство од досегашната соработка со Грција и нивниот ангажман во полза на започнувањето пристапни преговори со Европската Унија. Во тој контекст, го нагласи очекувањето Грција да продолжи да биде наш силен поддржувач и промотор на нашата интеграција во ЕУ.“

Во врска со ЕУ проширувањето пак долгогодишната пратеничка во ЕУ парламентот Тања Фајон во интервју за Радио Сараево додала дека Франција ја зела ЕУ како свој заложник додека пак во интервју за Франкфуртер алге мајне цајтунг Курц посочува дека делумно присутната западна ароганција придонесува за јакнење на негативните чувства на истокот на Европа.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.