Пендаровски: Оваа генерација политичари ги решава најголемите проблеми на државата
Почнува втората недела од изборната кампања за претседателските избори на која тројцата кандидати за претседателската функција продолжуваат да ги претставуваат своите програми, концепти и визии на средби, трибини и митинзи. Стево Пендаровски, кандидат од СДСМ и коалицијата, денеска продолжува на средби со жители на Чучер Сандево, по што ќе учествува и на граѓански трибини во општините Бутел, Шуто Оризари и во Ѓорче Петров.
Вчера пак, Пендаровски на трибини во скопските населби Сарај, Чаир, Кисела Вода и Карпош говореше за европската перспектива, за нови вработувања и за подобар и просперитетен живот. Тој повика на масовна излезност на престојните избори за, како што рече да продолжи напредокот на земјата и широко да се отвора вратите на Европската Унија. Пендаровски учествуваше и на трибина за млади.