ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Пендаровски на 22 ноември во посета на Вучиќ

Претседателот Стево Пендаровски на 22 ноември ќе престојува во официјална посета на Република Србија.

Во Белград претседателот Пендаровски ќе биде примен со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. По тет-а-тет средбата на двајцата претседатели и пленарната средба, претседателот Пендаровски и претседателот Вучиќ ќе имаат заедничка прес-конференција.

За време на официјалната посета на Република Србија, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби со претседателката на Народното собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ, и со претседателката на владата на Република Србија, Ана Брнабиќ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.