ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Пендаровски избран поради верски лидери, а не поради програма и европска перспектива, оваа победа на Стево е пораз за граѓаните

Уставот е згазен и секуларна Македонија е поразена од страна на Стево Пендаровски, Зоран Заев, Миле Зечевиќ и нивните соработници од СДСМ во изборните малверзации, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова го посведочи лично поранешниот реиз Сулејман Реџепи кој кажа дека од СДСМ го молеле и им помогнал за изборите, а за тоа Реџепи од Пендаровски добил и лична благодарница со зборовите „Ова е твоја победа, не моја“. Дали е победата на Пендаровски или на Сулејман Реџепи, оставаме да истражи обвинителството, иако шансите за тоа се речиси невозможни бидејќи веројатно победата не е само на Реџепи и Пендаровски, туку и на Рускоска. Но, чија и да е непобедата, јасно е кој е поразениот. Уставот на Република Македонија, еднаквоста меѓу граѓаните, демократијата, слободната изборна волја и европската перспектива на земјата. Оваа победа на Стево е пораз за граѓаните Нема ЕУ со политичари кои организираат гласање за 4 секунди и чии победи се добиени со помош на верски лидери, а не со помош на програма, достоинствено претставување и фер битка, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека нема унапредување на соживотот со религиозни избори наместо со демократија и еднаква шанса за сите.

-Непобедникот Стево треба да им се извини на сите граѓани на Република Македонија, да им објасни зошто неговата победа била победа на поранешниот реиз Сулејман Реџепи и да поднесе одговорност. Македонија заслужува демократија и претседател избран од граѓаните, а не избран со  партиските мешетарења со верски лидери, поткуп и повреда на гласачките права, стои во партиското соопштение до јавноста.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.