ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Пендаровски: Армијата ќе дава поддршка на полицијата и здравствените установи

Кризната состојба на целата територија на Северна Македонија во траење од 30 дена, што на предлог на Советот за безбедност вчера ја прогласи Владата, и овозможи на Армијата да дава поддршка на полицијата и на здравствените установи, напиша денеска на Фејсбук претседателот Стево Пендаровски.

Претседателот додаде дека според Законот за менаџирање со кризи, Армијата ќе и помага на полицијата во обезбедување на стратешки објекти, болници, како и во обезбедување на магацини со лекови и со друга заштитна медицинска опрема.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.