Патничка во леталото на милијардерот Бренсон стигна во вселената (ВИДЕО)
Вселенското летало Virgin Galactic на милијардерот Ричард Бренсон , со двајца патници , од кои една патничка стигна денеска на границата меѓу земјината орбита и вселената.Леталото на британскиот милијардер стигна на височина од 90 километри над Земјата. Леталото SpaceShipTwo, кој Бренсон го направи за превоз на туристи низ вселената , беше лансиран од пустината Мохаве и вчера достигнал височина од 89,9 километри , односно 55,87 милји.Според американските стандарди тоа е веќе вселена , зашто просторот над 50 милји се смета за вселенски. Леталото се движело со брзина од 3 Маха , односно три пати побргу од брзината на звукот и потоа без проблеми слета во вселенската база во пустината Мохаве.
Леталото е дизајнирано за превоз на шест патници , но овој пат имаше само еден.
Главен конкурент во овој бизнис на милијардерот Бренсон му е најбогатиот човек на светот , Џеф Безос , сопственикот на Амазон.
Неговата вселенска програма Blue Origin најави дека до крајот на годината ќе превезува патници на поголема висина отколку Брезос
.