Партијата на Меркел тоне поради аферата со маски
Бројот на инфицирани со коронавирус во Германија се зголемува. Што прави политиката? Се кара за кризниот менаџмент. Тоа не наидува на добар одек кај граѓаните. А, тука се и скандалите…
Ако во недела се одржат парламентарни избори, партијата на Меркел – ЦДУ и нејзината сестринска партија ЦСУ, би биле најголеми губитници. Според актуелното истражување на јавното мислење Дојчландтренд, направено од страна на институтот Инфратест Димап по налог на јавниот радиодифузен сервис АРД, довербата во ЦДУ и ЦСУ, кои заедно ја сочинуваат пратеничката група на Унијата во Бундестагот, во март паднала за цели 6 проценти. Тоа значи дека двете партии сега се онаму каде што беа на почетокот на пандемијата со доверба од 27%, односно го имаат загубено целиот кредит од првите месеци на пандемијата.
Унијата тоне, а за тоа има повеќе причини: скандалот со водечки политичари кои се збогатиле со посредување заштитни маски и кавгите околу вистинскиот крус за борба против пандемијата, чиј врв беше извинувањето на канцеларката, потег кој досега не е запаметен во историјата.