ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Партиите се поблиску до договор за етничката припадност во личните карти по желба

Премиерот Зоран Заев палнира да ги слушне аргументите на претседателот Стево Пендаровски за ставот против етничката припадност да се вметне во личните карти, но останува на стваот дека тоа е прашање со кое никој не губи.

ЗА премиерто логично е да имаат различни мислења со Претседателот, но она што е важно за него, е што Пендаровски најави дека ќе го потпише указот, доколку законот помине во собрание..

– Претседателот е прв во државата, ова за мене е вредно за внимание, нормално на првиот состанок ќе разговараме за аргументациите. Сепак, ова произлезе од еден сериозен процес кога се случуваа уставните промени. Личната карта е документ за идентификација, а во мултиетничко општество, кога помалите етнички заедници се гласни ние не смееме да останеме неми. Не губи најголемата заедница, Македонците, ништо, ќе бидат впишани Македонци, Албанци, ќе бидат впишани сите, рече Заев.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ и денеска го обвини премиерот Заев дека стои зад амандманите на Левица предизвикувајќи го ако навистина е за етничка припадност во личните карти, законот со европско знаменце да го достави во Собрание. За Левица пак се смешни ваквите обвинувања, но и порачаа – ако законот влезе во собрание со европско знаменце пак ќе го блокираат.

Законот предложен од БЕСА во моментов е заглавен во Собранието, откако Левица поднесе над 1.200 аманмдани. Од партијата велат дека се поготвени низ амандманска расправа да се прецизира дека новата графа ќе биде опција, а не обврска.

Освен Левица, против измените е и Демократски Сојуз на Павле Трајанов. Со над 1200 амандмани неизвесно е кога ќе продолжи собраниската процедура.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.