ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

„Парни ваљак“ за новогодишната ноќ во Скопје

Град Скопје како организатор и Македонски Телеком како главен покровител на пречекот на Новата 2019 година на плоштадот „Македонија“ денеска на прес конференција ја објавија програмата за новогодишните празници. За новогодишната ноќ како главна атракција ја најавија една од најголемите југословенски поп рок групи „Парни ваљак“.

Детали за новогодишната прослава во центарот на Скопје соопштија градоначалникот Петре Шилегов и главниот извршен директор на Македонски Телеком, Никола Љушев.

Како дел од новогодишното расположение, центарот на Скопје, од утре, сабота, ќе почне да живее во празничната еуфорија со целосна програма во „Винтерленд“, со цел на граѓаните да им се овозможат пријатни моменти поминати со своите роднини и пријатели. Предвидена е програма и за најмладите која ќе ја разбуди нивната радост.

На плоштадот „Македонија“ веќе се поставени дрвени куќички како дел од новогодишната населба каде што се нудат рачно изработени сувенири, украси, книги, божикни подароци, како и гастрономски специјалитети и разни топли пијалаци за целосна и вистинска празнична атмосфера.

Македонски Телеком и Градот Скопје веќе 14 години по ред одлично соработуваат при организацијата на новогодишната прослава во нашиот главен град. Како телекомуникациска компанија која ја има најдобрата мрежа во земјава, секогаш се трудиме на граѓаните да им овозможиме беспрекорна комуникација во текот на целата година, и многу повеќе од тоа, да помогнеме во организација на настани во овој период од годината кои ќе ја збогатат новогодишната атмосфера. Затоа, во името на Македонски Телеком, на македонските граѓани им посакувам среќни празници, да се забавуваат, дружат и да креираат и споделуваат незаборавни доживувања со најблиските – изјави Никола Љушев, главен извршен директор на Македонски Телеком.

Со програма којашто почнува утре, „Винтерленд“ секојдневно ќе има различни активности за забава и рекреација за нашите сограѓани, а во текот на викендите ќе бидат организирани приредби за најмладите и концерти за возрасните

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.