ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

„Пандорините документи“: Наводната љубовница на Путин има имот од 100 милиони долари

Во најмголемото истекување на досегашните тајни финансиски документи, кое вклучува стотици актуелни и поранешни шефови на држави, службеници и средства вредни милијарди долари, има голем број звучни имиња. Сепак, најзвучно е името на Владимир Путин, долгогодишниот претседател на Русија.

Во тие документи Путин не е наведен како официјален сопственик на спорниот имот – но тие откриваат таен имот вреден дури 100 милиони долари, вклучувајќи луксузен имот во Монако вреден 4 милиони долари, кој припаѓа на извесна Светлана Кривоноги.

Апартманот што го купила Кривоноги се наоѓа во луксузниот комплекс Монте Карло Стар и гледа на Средоземното Море, веднаш под познатото казино Монте Карло, познато од филмовите за Џејмс Бонд. Во пристаништето под комплексот, членовите на кралското семејство, тајкуните и олигарсите редовно пловат и излегуваат со своите огромни јахти, пишува Вашингтон пост.

Наводната љубовница на Путин купила стан за 4 милиони долари во Монте Карло

Но, каква врска има оваа 46-годишна Русинка од Санкт Петербург со Путин?

За почеток, документите откриваат дека Кривоноги купила луксузен стан вреден 4,1 милиони американски долари во септември 2003-та година преку офшор компанија регистрирана на Британските Девствени Острови наречена „Brockville Development Ltd“.

Порталот што напиша дека Путин направил дете на Кривоноги е забранет во Русија

Според „Проект“, Кривоноги се спријателила со Путин кон крајот на 1990 -тите, пред тој да стане претседател. Со текот на времето, Проект тврди дека, младата Русинка со скромно потекло, која студирала бизнис и работела како чистачка во продавница, станала негова љубовница – а таткото на нејзината ќерка не е никој друг туку Путин.

Без оглед на вистинската природа на нивниот однос, информациите презентирани од Проект сугерираат дека Путин и Кривоногих биле блиски. На пример, тие често пати патувале заедно во ист авион.

Нејзината ќерка Луиза има средно име Владимировна и наводно многу личи на Путин

Нејзината ќерка Луиза Розова, сега 18 -годишна, предизвика шпекулации за нејзиниот вистински татко во интервјуата. Таа самата призна дека е крајно слична на Путин, но одби да потврди или негира дека Путин е нејзиниот татко.

Иако нејзиниот татко не се споменува во јавните документи прегледани од Проект и Вашингтон Пост, значајно е што нејзиното официјално средно име е Владимировна – а средното име во Русија секогаш се дава по името на нејзиниот татко.

Кривоноги не одговора на прашањата на оваа тема, ниту пак нејзината ќерка

Врските помеѓу Кривоноги и луксузниот имот во Монте Карло се наоѓаат во документите на Пандора, иако од нив е јасно колку Русинката се обидела да го сокрие фактот дека стои зад купувањето.

Компанијата „Brockville Development Ltd.“ е основана на карипскиот остров Тортола во април 2003 година, нешто помалку од еден месец откако Кривоноги ја родила својата ќерка. Неколку месеци подоцна, компанијата купи имот во Монте Карло за 3,6 милиони евра, според документите од Монако.

Документите на Пандора, открија дека Кривоноги станала неверојатно богата за само неколку години. Покрај станот во Монте Карло, таа се здобила со стан во луксузен комплекс во нејзиниот роден град Санкт Петербург, недвижен имот во Москва, јахта и друг имот, во вкупна вредност од околу 100 милиони долари.

Портпаролот на Путин негира

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, денеска ги отфрли обвинувањата што произлегуваат од документите на Пандора, како „збирка на неосновани тврдења“, додавајќи дека „не постои скриено богатство во потесниот круг на претседателот Путин“.

„Она што привлекува внимание е која земја е најголемиот даночен рај во светот. Секако, тоа се САД”, рече Песков на дневниот брифинг со новинарите.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.