ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Палестина го отфрли „договорот на векот“: Ерусалим не е на продажба

Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека Ерусалим не е на продажба и го отфрли предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за „договор на векот“, велејќи дека Палестина сака да преговара не само со Америка, туку со целиот блискоисточен квартет, и тоа се Русија, САД, ЕУ и ООН.

„Ние не ја прифаќаме улогата на посредник на САД во решавањето на конфликтот, ние го прифаќаме само меѓународниот квартет и подготвени сме да преговараме, но не и врз основа на предлогот на Трамп“, рече тој.

„Нема да се поклониме и да се предадеме. Ние сме обединети во лицето на сите оние кои планираат да нè отфрлат. Ние велиме ‘не’ за договорот на векот “, истакна тој.

Абас исто така истакна дека Палестина инсистира на признавање на границите од 1967 година.

Како што рече претходно Трамп, „договор на векот“, доколку се согласат, ќе им даде шанса на Палестинците да создадат своја држава, како и дека тоа ќе им овозможи да ја удвојат територијата.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.