Пак ќе се готви и пере на евтина струја во текот на денот

Како што вели за весникот ВЕЧЕР претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски за весникот ВЕЧЕР во моментов се прават анализи за донесување на одлука со која повторно ќе може да се воведе евтина тарифа за струја преку ден. Засега не се знае колку часа таа ќе трае, но најверојатно ќе биде во периодот од 12 до 16 часот. Македонските граѓани имаа можност дневна евтината струја да користа во периодот од 14 до 16 часот од 2017 година до нејзиното укинување во јануари 2022 година кога се најави зголемување на цената и се насети дека ќе има енергетска криза
До крајот јуни Регулаторната комисија за енергетика треба да донесе одлука за евтина дневна тарифа. Како што вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, за весникот ВЕЧЕР во моментов се прават анализи.
-Во РКЕ се прават анализи во кој период од денот ќе може да имаат граѓаните евтина струја. Тоа најверојатно ќе биде во периодот од 12 до 16 часот, но не се знае колку часа, дали ќе бидат два како порано или повеќе. Тоа ќе го кажат деталните анализи кои треба да бидат готови до јуни, за да до крајот на јуни ја донесеме и одлуката – вели Бислимоски и дополнува дека за оваа намена треба да се приспособи и тарифниот систем.
Цената би требало да биде значително пониска од цената која се плаќа во првиот тарифен блок, односно од 7,41 денар за киловат-час.
Да се размислува за воведување на евтина струја и во текот на денот придонесоа и берзанските податоци за цената на струјата кои што во моментов се многу пооптимистички во однос на зимскиот период, кога беше енергетската криза. Од РКЕ велат дека за првпат по подолго време на берзите е забележана негативна дневна цена на електричната енергија.
-Податоците на берзата Хупекс покажуваат пад во цената на електричната енергија во дневните часови. Таа е најголемата референта берза и за нас- посочува Бислимоски.
Испратено е веќе и сигнал до ЕСМ како компанија која обезбедува струја за Универзалниот снабдувач.
-Во период во ниска цена за да ги заштитиме домашните ресурси јаглен вода, многу е поисплатливо да обезбедиме струја од пазарот, не мора да е од увоз може да е од домашните фотоволтаици, укажува Бислимоски.
Дневната евтина тарифа за домаќинствата поради енергетската криза и растот на цената на берзите беше укината и од јануари 2022 година граѓаните не можеа да ја користат, но исто така се зголеми и цената на електричната енергија. Македонските граѓани имаа можност дневна евтината струја да користа во периодот од 14 до 16 часот од 2017 година до нејзиното укинување во јануари лани.
Поевтина електрична енергија во неколку наврати бараат и вработените во туристичкиот сектор. Според нив поевтината струја драстично ќе ги намали нивните трошоци и ќе им овозможи поконкретни цени, особено сега пред стартот на новата туристичка сезона. Тие посочуваат дека едвај ја надминале енергетската криза,а како туристичка индустрија значителен дел од државниот буџет се полни од нивни приходи од странските и домашните гости.