ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Падот на нафтата на берзите нема негативно да влијае врз македонската економија

Рекордниот пад на цената на нафтата засега нема негативно да влијае на македонската економија. Како увозник на овој енергенс, земјава може да биде во добивка, но само на краток рок. Најпогодени од падот на цената се земјите производители и ако ваквиот тренд продолжи на долг рок и Македонија ќе има негативни последици, велат економските експерти.

„За македонската економија ова би било од аспект на потрошувачите, пониска цена на нафтата, би значело помали расходи и помали издатоци за тој енергенс и бидејќи Македонија е увозник на нафта и се уште е значаен енергенс, тоа би имало условно позитивен ефект врз доходот на потрошувачите“, вели Владимир Филиповски- Универзитестки професор.

Од регулаторна велат дека вчерашниот рекорден пад би можело да има влијание на новата цена која ќе се знае во понеделник, но дека тоа зависи и од останатите фактори.

„Првпат откако определуваме цени на нафтени деривати, а тоа е од 2004 се случило да имаме два дена со така драстичен пад. Веднаш тоа ние ќе го рефлектираме, не знаеме како ќе се одвива со Коронавирусот, гледаме дека е општа паника на берзите, настанати се проблеми помеѓу најголемите производители на нафта во светот каде што ние апсолутно како држава неможеме да имеме никакво влијание“, изјави Марко Бисломовски- Претседател на РКЕ.

Странските експерти  предупредуваат доколку цената на нафтата продолжи да паѓа на светот му се заканува глобална економска криза полоша од 2008 година. Според податоците ваков пад на цената не се памети во послениве 30 години односно од Заливската војна од 1991 година. На Лондонската берза падот бил за 30 отсто, додека пак, на американскиот пазар цената за барел се намалила за 32 проценти.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.