ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Падна договор за датум – двојни избори на 8 мај

Парламентарните избори да се одржат на 8 мај, заедно со вториот круг на претседателските избори. Првиот круг за избор на претседател ќе се одржи на 24 април.Парламентарните избори ќе се одржат на 8 мај, среда, кога ќе се одржи и вториот круг на претседателските избори. Првиот круг за избор на претседател ќе се одржи исто така во среда на 24 април. Ова е договорот којшто го постигнаа партиите застапени во Собранието на денешната лидерска средба.

„Овие датуми ги договоривме имајќи ги предвид законските рокови и верските празници кои се во овој период. Конечно, после 17 години ќе имаме редовни парламентарни избори, а тоа говори за добрите владини политики”, рече премиерот Димитар Ковачевски во изјавата по лидерската средба.

Сто дена пред изборите или на 28 јануари ќе се формира техничка влада на чело со премиер Албанец од ДУИ. Премиерот Димитар Ковачевски оцени дека на лидерската средба имало и исклучително широк консензус за забелешките за изборното законодавство, односно за Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Албанската опозиција ја напушти лидерската средба со образложение дека состанокот го напуштил претседателот на Собранието Талат Џафери и немале со кого да ги соочат аргументите за член на Државната изборна комисија.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.