ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Официјално во вторник – Алексис Ципрас ќе биде првиот грчки премиер во посета на земјава

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во вторник доаѓа во Скопје, официјално потврди владата. Според најавите Ципрас ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со претседателот на Собранието Талат Џафери а Од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов кратко одговараат дека досега кај нив „нема пристигнато барање за таква средба”. Грчкиот премиер доаѓа во Скопје и со бизинис делегација што ќе сочинуваат преставници на над 70 големи и средни компании. За време на состанокот во Солун со околу 40 бизнисмени од Северна Грција, Ципрас кажал дека Грчкото претприемништвото има можност да игра водечка улога во економскиот развој на Северна Македонија.

„Искористете го позитивен моментум што го создаде Договорот за Преспа, а владата со своите иницијативи ќе создаде соодветни предуслови. Кога ги гледам реакциите за договорот во двете земји, би укажал на потребата сите страни да функционираат врз основа на националниот интерес.“ – изјави Ципрас, премиер на Р. Грција.

На крајот на посетата, премиерите Заев и Ципрас ќе отворат и Бизнис форум во Скопје каде ќе се сретнат грчките и македонските компании. Инаку Ципрас освен што доаѓа прв пат после потпишувањето на договорот од Преспа, ќе биде и прв грчки премиер воопшто што ја посетил земјава.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.