ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Откако ДУИ се најде во учебник, од МОН порачаа дека ако некому му пречи треба да пријави

Повлекување на учебникот по албански јазик за петто одделение, но и на министерот за образование и наука Јетон Шаќири, веќе побараа од опозициската Алијанса за Албанците

Доколку кој било граѓанин, група граѓани или здруженија имаат забелешки во однос на содржината во некој од учебниците и сметаат дека таа е несоодветна, тоа можат да го пријават до МОН, по што забелешките ќе бидат разгледани и ќе биде донесена соодветна одлука.

Ова попладнево редакцијата на „360 степени“ го доби како одговор од Министерството за образование и наука (МОН) во однос на тоа што во лекција од учебникот по албански јазик за петто одделение, каде што учениците учат за кратенки на држави и организации, како пример е посочена и кратенката за Демократската унија за интеграции – ДУИ.

„МОН и Педагошката служба како институција задолжена за спроведување на постапки за изработка и одобрување на учебници се отворени за соработка и за сугестии по содржината на секој учебник. Сите забелешки се доставуваат на електронската адреса: books@mon.gov.mk“,додаваат од МОН.

Учебникот во кој се „протна“ ДУИ е издаден годинава. Негов автор е Вехби Кадриу, а издавач е МОН.

Делот од лекцијата каде што се споменува ДУИ во која се учи за тоа како правилно се пишуваат датуми и скратеници на земји или организации чии имиња се состојат од два, три или повеќе збора, гласи:

„Кога имињата на земји, на различни организации итн. се состојат од два, три или повеќе збора, се користат кратенки. Овие ознаки се пишуваат и изговараат со кратенки користејќи ги првите букви од зборовите. Пример РСМ (Република Северна Македонија), САД (Соединети Американски Држави), МОН (Министерство за образование и наука), ООН (Организација на Обединетите нации), ДУИ (Демократска унија за интеграција) итн.“,

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.