ОТВОРААТ ТРЕТ КАМП Грција за подготвува да прими повеќе бегалци од Украина
Центарот е со капацитет да прими 150 лица, а е трет по ред што се отвора за прием на бегалци од Украина, со оглед на тоа дека веќе функционираат два во северниот дел на земјата.
Министерството за миграција и азил на Грција соопшти дека одново ќе го отвори прифатниот центар Елефсина во близина на Атина, но сега, ќе биде наменет исклучиво за прием и сместување на раселените лица од Украина, јави дописничката на МИА од Атина.
Центарот е со капацитет да прими 150 лица, а е трет по ред што се отвора за прием на бегалци од Украина, со оглед на тоа дека веќе функционираат два во северниот дел на земјата.
– Во зависност од брановите, на располагање ќе има и дополнителни кревети, со што ќе се обезбеди сместување и храна за оние кои ќе им биде потребно – соопштија од Министерството.
Според официјалните податоци од Министерството за цивилна заштита, од почетокот на војната, во Грција пристигнаа вкупно 10.738 украински државјани, од кои 3.478 се малолетни.