Осум кандидатури за претседател на државата пристигнале до ВМРО-ДПМНЕ
Осум претседателски кандидатури пристигнале до опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пренесе денеска потпретседателот на оваа партија, Владо Мисајловски.
„До архивата на партија пристигнати се 8 кандидатури, но конечниот број на апликанти ќе биде познат деновиве со оглед на фактот дека дел од апликациите, би можеле да стигнат и по пошта. Сите кандидатури дополнително ќе бидат разгледани од страна на Комисијата за проверка на законски предвидените услови за кандидати за претседател на Република Македонија“, истакна Мисајловски.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: